речник контакт

Маалска чешма да протече

Жителите на месноста Маалска чешма бараат од локалните власти истата да проработи по десетина години откако секна.

Петар Печков

Жителите на месноста Маалска чешма бараат од локалните власти истата да проработи по десетина години откако секна.

Тие со писмо се обратиле до Советот на општината од кога бараат да чешмата да протече и сметаат дека со ова ќе се врати животот во овој дел од градот, ќе имаат можност каде да го минaт слободното време, соседите да се видат и помуабетат, а минувачите кои одат до или се враќаат од црквата Св Пантелејмон да има место каде да здивнат и се напијат вода.

Од општинaта велат дека за да се реализира овој проект истиот треба да влезе во програмата, и затоа е потребно граѓаните и советниците да го посочат кгоа ќе се изработуваат плановите за нaредната година, за да може тој да се реализира.

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »