речник контакт

Мадам Васка водела дневник

Поголем број штипски мажи стравуваат од една обична тетратка-дневник, во која мадам Васка Г. ги бележела сите поединости за клиентелата која во нејзиниот стан користела сексуални услуги.

Никола Солев

Иван Бојаџиски ШТИП - Поголем број штипски мажи стравуваат од една обична тетратка-дневник, во која мадам Васка Г. ги бележела сите поединости за клиентелата која во нејзиниот стан користела сексуални услуги. Станот на оваа средовечна жена која се занимавала со посредување во проституција, се наоѓа во центарот на Штип, во станбено-деловниот комплекс зад Трговскиот центар. Полицијата ја откри јавната куќа на мадам Васка, како што ја нарече штипската јавност, пред три дена, а во станот била затекната млада штипјанка на 19-годишна возраст во момент кога давала сексуални услуги. Според првичните сознанија, мажите кои користеле сексуални услуги кај Васка Г. плаќале од 2.000 до 3.000 денари, од кои 500 денари наплатувала за користење на станот, а другите пари рамноправно ги делела со девојките. Според информациите до кои дојдовме, таа во својот дневник педантно, покрај имињата и презимињата на корисниците на сексуалните услуги, ги бележела и нивните телефонски броеви преку кои ги закажувала средбите. Во дневникот имало посебна графа и за денот и часот на посетата на секој клиент и времето во кое биле користени услугите. Посредувачката во давање сексуални услуги заработи триесетдневен притвор и сега во затворот во Штип го очекува расплетот на случајот. Во штипската чаршија Васка Г. повеќе години се спомнуваше како жена која ги лови младите и наивни девојки и ги наговара да се занимаваат со најстариот занает на светот. Се говори дека нејзиниот дневник, кој во судската постапка може да биде искористен како крунски сведок за бројот на девојките кои давале сексуални услуги, но и за бројот на штипските мажи кои ги користеле, е под строга контрола на истражните органи. Во Штип преовладува стравот дека, доколку во дневникот на мадам Васка се наоѓаат имиња на познати јавни личности, целата работа да биде забошотена. Штипската полиција во последно време сў позасилено и со успех се справува со проституцијата за која во јавноста се говори дека во овој град ја има во поголеми размери. Пред два-три месеци 17- годишна девојка беше откриена како посредувач во организирање и давање сексуални услуги. Таа заработи затворска казна во траење од една година. За среќа на корисниците на сексуалните услуги, таа не водела дневник, но и кај неа биле најдени телефонски броеви на дел од клиентелата. Поради ова, повеќе штипски мажи се во паника да не им биде откриен идентитетот. Извор: Утрински Весник

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »