речник контакт

Маката на жителите од 8-ма велешка

Жителите на зградата од 8-ма велешка бр 25 мака мачат со нивната сосетка која во станот дома чува бројни домашни миленичиња. Неподнослива реа се шири од станот број еден, на првиот кат, а штетата ја чувствуваат сите. Тоа посебно е изразено во овој летен период кога има високи температури.

Петар Печков

Жителите на зградата од 8-ма велешка бр 25 мака мачат со нивната сосетка која во станот дома чува бројни домашни миленичиња. Неподнослива реа се шири од станот број еден, на првиот кат, а штетата ја чувствуваат сите. Тоа посебно е изразено во овој летен период кога има високи температури.

Сосетката Сута Асанова живеe сама во станот во кој чува непознат број на домашни миленици. Тие освен што лаат и мјаукаат во секој дел од денот, смрди од нивниот измет. Баравме помош од сите можни надлежни инспекции, но сите тие креваат раце и велат дека не е во нивна надлежност – вели Драган Стефановски сосед на Асанова и додава дека се судруваат со проблем за кој нашиот законодавец на дал решение. Сите станари потпишале петиција  и ја доставиле до повеќе институции и полиција, но од сите нив добиле ист одговор, немаат ингеренции да постапуваат во приватен имот. Таков е случајот со Асанова, која е сопственик на станот. Таа при посетата не криеше дека дома чува куче и тоа само едно, како што правеле и други нејзини сограѓани.

Често во станот влегуваат насилно, ги искршија прозорите поради што морав да земам куче да ме чува. Тука нема ништо чудно. Но мислам дека реакцијата е со цел да ми го одземат станот и да ме избркаат одтука и испратат во болница – вели Сута Асанова, која ѕиркаше од вратата низ која доаѓаше смрдеата од домашните миленици. Минатото лето поради болвите  од животните кои се намножиле во зградата, целиот објект бил дезинфициран од страна на Заводот за здравствена заштита а биле приморани и да ги отрујат мачките кои живееле во него. Соседите ги страв дека тоа ќе се случи летово и негираат дека цел им е нејзиниот стан, тие само бараат таа да не чува дома толку голем број животни, чиј број не е познат бидејќи никој не успеал да влезе дома кај Асанова.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »