речник контакт

Македонија вработува 2

Во првата акција во Велешко вработени 400 лица. Најмногу овој проект го користат микро и средните фирми

Петар Печков

 Откако првата акција за ,,Македонија вработува,, според надлежните се покажала како мошне успешен проект, започна негова втора реализација. За реализација на проектот, што ќе се одвива под мотото „Борбата за работни места продолжува“,  е задолжена Агенцијата за вработување на Република Македонија.    За време на спроведувањето на проектот од првиот квартал лани до првиот квартал годинава, статистичките податоци покажале дека  невработеноста е намалена за 2,8 проценти, а токму проектот „Македонија вработува“ е главниот двигател на намалување на невработеноста.

Во Велес дојдовме да им понудиме, да им  ја доловиме  на граѓаните можноста, за тие што се премислуваат, двоумат  за ново работно место или да се самовработат, како да го сторат. Потоа да посетиме и компании да им кажеме што и како е проектот. Во првиот околу 19 илјади  лица се вработија   во 10,5 илјади компании. Ги констатиравме недостатоците од првиот  проект, сега нив ги елиминираме за секој заинтересиран да се вработи – рече директорот на  АВРМ  Влатко Поповски. 

Проектот Македонија вработува беше широко прифатен од работодавачите во Велес.  Поволносите ги искористија 250 фирми, отворајќи 400  нови работни места.  Очекувам оваа бројка со вториот проект да биде поголема. Најмногу овој проект го користат микро и средните  фирми  - рече Весна Јакимовска, раководител на велешката Агенција за вработување.  

  Првата категорија, што  може да го користи проектот, се невработени млади до 35 години за кои работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси и персонален данок три години. Пред вработувањето не треба да имаат заснован работен однос најмалку три месеци, a работодавачот е должен да ги задржи на работа  уште 12 месеци по истекот на периодот за кој што е ослободен од плаќање придонеси.

Втората категорија се долгорочно невработени од 35 до 50 години за кои има ослободување од придонеси пет години. Услов е лицето во последните 15 години да било најмногу пет години во работен однос и најмалку три месеци пред вработувањето да немало заснован работен однос согласно со мерката. Работодавачот е должен да го задржи лицето  уште најмалку 12 месеци по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси или вкупно најмалку 6 години.

Со третата категорија се опфатени невработени над 50 години за кои ослободувањето од придонеси е 60 месеци. И за нив има услов најмалку три месеци пред вработувањето да немаат заснован работен однос.

Четвртата категорија се невработени над 58 години, во последните две години без вработување. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси до остварување на правото на старосна пензија.

Петтата категорија, пак, се невработени лица со социјален ризик (лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во  еднородителски семејства, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници). Ослободувањето од плаќање на придонеси ќе биде пет години, а не треба да бидат во работен однос три месеци 60 месеци пред вработувањето.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »