речник контакт

Македонската волна преку Унгарија завршува во Кина и Индија

Средба на велешките стопанственици со претставници на Унгарската трговска комора

Петар Печков

Македонската волна, целото минатогодишно производство  заврши на Унгарскиот  пазар а од таму во Кина и Индија. Ова беше соопштено на средбата на претставници на Унгарската трговска комора  со велешките стопанственици, која се одржа во Хотел Гарденија,  во рамките на  економски роуд шоуто, кое го организираше Унгарската амбасада во Скопје.  Стоковата размена меѓу двете земји  расте а последните две години таа бележи висок пораст.  

Целокупниот потенцијал на волна од Македонија лани отиде во  Унгарија а од таму се продаде за трети земји.  Годинава во  првите три месеци овој тренд прдолжува, ние ја извезуваме волната во Унгарија, таму се доработува и извезува.  Преку овие средби сакаме да се доближиме до другите стопанственици и да ги отвориме другите пазари, заеднички да настапуваме на трети пазари. Унгарија има свои развиени трговски врски и преку  неа цел ни е да  стигнеме до за нас нови пазари   - изјави  Сашо Јанакиевски  трговски  промотор на Унгарија во Македонија.  

Преку Унгарија,  Македонија сака полесно да стигне до пазарите во  Русија, Азербејџан, земјите од централна Азија. Ова беше седма средба на  претставници на  Унгарската трговска комора и македонските стопанственици во исто толку градови во Македонија. Амбасадорот на Унгарија пак соопшти дека од година во година расте трговската размена меѓу двете земји.

Потпишан е трговски договор за соработка меѓу  Македонија и Унгарија во 2014-та  и  досега  потпишани 18 договори за соработка на различни фирми, на  полето  од аграрот до туризмот, опфаќајќи  многу индустриски гранки.  Во 2014-та е забележан трговски максимум во трговската размена меѓу двете земји а минатата година имаме дополнителни  15 отсто повеќе отколку претходната година   - изјави Јожеф   Бенце, амбасадор  на Унгарија во  Скопје. Тој податоците кои ги презентираше  потенцира дека се   според  на Унгарската тргоска комора.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »