речник контакт

Македонскиот Евросонг сепак без Бојан 13

Македонската телевизија како организатор на изборот за Евросонг ги повлече шесте изведувачи...

Петар Печков

Македонската телевизија како организатор на изборот за Евросонг ги повлече шесте изведувачи кои дополнително, освен 15-те финалисти, ги стави на листата на учесници за македонскиот избор.

Така се најдоа исфрлени Бојан 13 и Биг Мама, Џокси, Маја Вукичевиќ, Сања Лефкова. Ова е поради тоа што фестивалот според пропозиците треба да има 15 песни а МТВ надвор од тоа избрала уште 6 кои се исфлени по реакција на претходно избраните 15 пеачи финалисти.

Тоа пак беше причина најгласен во плачењето да биде Бојан 13 кој најави тужба дека неправилно е постапено и дека зад ова стои Елена Ристевска и нејзината М2 продукција и Дарко Димитров, кој го фаворизирале Ламбе Алабаковски.

Така во македонскиот избор за Песна на Евровизија  остануваат Ламбе, Синтезис, Паркети, Туна, Ристо Самарџиев, Нокаут, Ноне, Соња Тарчуловска, Тамара - Врчак - Гаџа, Елвир Мекиќ.

Терминот е ист 23 февруари Метрополис Арена.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »