речник контакт

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

Премиера на на светскиот хит филм, производство на студиото Марвел „Чувари на галаксијата 3“

Петар Печков

Уште еден македонски филм на репертоарот на 3Д киноверзум Велес. Денес четврток и во вторник се прикажува „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митревска.  Овој филм беше  годинашниот македонски кандидат за Оскар, но не ја мина селекцијата за најдобрите 10.  Најсреќниот човек на светот“ е целосно на босански јазик и главнината на актерската екипа се босански и хрватски актери. Играат и Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача. Приказната е вистинска,  на сценаристката Елма Татарагиќ. Овој филм зборува за тоа што значи да се живее, денес во Сараево, во војна 30 години откако таа е завршена.  Втората премеира оваа седмица е СФ авантурата „Чувари на галаксијата3“.Сѐ уште тажен и гневен по смртта на Гамора, Питер Квил го собира неговиот тим да го одбранат универзумот, мисија која може да биде крајот на Чуварите ако не се успешни. Aмерикански филм за суперхерои од 2023 година заснован на суперхеројскиот тим на Marvel Comics, Guardians of the Galaxy, продуциран од студиото Марвел, а дистрибуиран од Walt Disney. Филмот трае два и пол часа. Ќе се прикажува секој ден до среда. 

Петок, сабота, недела  и среда се прикажува американскиот хорор филм „Злото мртвите ги воскреснува“. Извртена приказна за две отуѓени сестри чие што повторно обединување е прекинато поради подемот на демони кои ги опседнуваат, втурнувајќи ги во битка за опстанок додека се соочуваат со најкошмарната верзија на семејство што може да се замисли.

Хоророт  трилерот, „Егзорцизмот на Папата“  со Расел Кроу, ќе се прикаже понеделник. Главниот јунак,  како егзорцист треба да го испита случајот со опседнатоста  на дете  и   случајно открива повеќевековна тајна што Ватикан очајно се труди да ја крие.   

Рускиот цртан филм „Мачки во музјеот“  ќе се прикажува сабота и недела. Додека се обидуваат да избегаат од претстојната поплава, младиот мачор Винсент и неговиот нов пријател, глувчето Морис, се кријат во старото пијано. Кога инструментот ненадејно ќе заврши во музејот, Винсент се среќава со елитен тим мачки кои со години ги штитат ремек-делата од глодари и други штетници. Иако со години сонува да најде вистинско мачкино семејство и копнее по чувство на припадност, тој не сака да го загуби својот пријател кој му го спасил животот, па Винсент е принуден да го скрие Морис. Сепак, глувчето има една слабост, а тоа е што сака да ги гризе најпознатите музејски ремек-дела. Промо видео

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »