речник контакт

Македонскиот извозен бренд виното е баран во странство, но заминувањето на младите придонесува од година во година да се намалуваат површините под лозје во земјава

Празникот Св. Трифун 14 февруари го одбележаа велешките лозари.Сопствениците на малите, средни и големи винарии го направија тоа со симболично закројување на виновата лоза, со желба за бериќетна година

Петар Печков

Празникот Св. Трифун 14 февруари го одбележаа велешките лозари. Сопствениците на малите, средни и големи винарии го направија тоа со симболично закројување на виновата лоза, со желба за бериќетна година. Индивидуалните лозари беа во скромен број. Години наназад со музика, со друштво се закројуваше, годинава тажна глетка по велешкото виногорје, заборавени и обраснати лозја.

„Имам лозје ама годините не ми дозволуват да го работам. Младите не ги интересира, заминаа од земјава, кој да го работи Нема ниту некој кој сака да го работи за без пари, така го давам само да не пропадне. Една година болест, друга година мраз, трета суша и не се исплатува да се работи“- вели велешанец кој со радост се сеќава на овој ден низ годините.  

Виното како производ, носи голем девизен прилив оти  високо котира на извозната листа.  Mакедонија лани за прв пат колку има напредок,  извезено  наливино , исто колку и  флаширано вино. Велешко-кавадаречко неготинскиот  регион,  е познат како виногорје на Македонија, има бројни винарии.

„Најдобар начин да се промовира едно вино е гостинот или купувачот да дојде и да види кои сме. Убаво е преку нашата презентација да ја почувстува љубовта кон виното и каде и оди да ја пренесе приказната која ќе ја раскажува на своите пријатели“, кажа Андон Крстевски, енолог во винарија „Стоби“.

За да ги привлечат гостите, на одредени вина, на етикета се забележани географските  географските   координати, локацијата каде е одгледано грозјето кое е преработено во сортно вино.  Гостите го пијат виното, но и гледаат од каде потекнува.

Државата финансиски го помага претставувањето на македонските винарии на престижните вински саеми во странство, со плаќање на закуп на штанд и на  површина.  

„Препознатливи сме по нашите автохтони сорти, вранец, станушина, темјаника. За се треба време, да мине подолг период да не препознаат и да се зголемува извозот на флаширано вино, на местото од наливното. Македонскиот амбасадор од виното е вранецот“ -  рече Божидар Илиевски енолог од винарија Шато Сопот.

Индивидуалните лозари во велешко  ги има се помалку, има многу напуштени лозја. Тоа го покажуваат и статистичките податоци дека од година во година се намалува површината под лозје во земјава. Лозјето се копачи, иако неговиот производ  виното е еден од ретките извозни  македонски производи, кој високо котира на светската ранг листа.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »