речник контакт

Македонски ден на книгата на 22 април во Канадa

Манифестацијата ќе се одржи в недела 22 април во Македонска црква "Свети Климент" во Торонто

Петар Печков

Првата манифестација „Македонски ден на Книгата “во Канадa која ќе  се одржува во рамките на Светскиот ден на книгата  в недела на 22-ри април, 2012 година, во Македонска црква" Свети Климент "во Торонто, Канада. Оваа меѓународна манифестација се организира од страна на Генерален конзулат на Република Македонија во Торонто Канада и Македонското здружение " Македонска нација" од Мисисага.


Македонски ден на книгата во Канада е манифестација замислена како можност за промовирање на македонската литература и јазик надвор од границите на нашата матична земја, како и можност за актуелизирање на писателите Mакедонци кои живеат и творат во Канада.


Македонски автори кои ќе учествуваат на овој настан се Игор Крајчев од Велес Македонија, Ристо Стефов и  Џејмс Саундерс, писател ,прв претседател и основач на Организацијата Обединети Македонци во Канада.


На манифестацијата ќе учествуваат: Македонскиот народен ансамбл "Македонка" од Торонто, Македонскиот народен ансамбл "Св Илија" од Мисисага , Македонскиот народен ансамбл "Билјана" од Maркам, а ќче има и  специјална мала изложба на ретки антички книги  издадени 1700-1800 година за Македонија, дела од приватна колекцијата.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »