речник контакт

Македонците во Хрватска одбележаа 79 години од издавањето на стихозбирката ,,Бели мугри,, (фото)

Во рамките на свеченостите беше промовирана книгата ,,Златоусно слово,, од проф. д-р Васил Тоциновски

Петар Печков

Во саботата 24 ноември  во Самобор Хрватска  се одбележа ,,,Денот на Рацин,, со кој Македонците до Хрватска но и локалните власти од овој хрватски збратимен град со Велес, да го одбележат 79 години од издавањето на стихозбирката ,,Мели мугри,,. 

Заедничкото дружење на Македонците во Хрватска кои се собраа од повеќе градови на ова држава, пред Музејот на Самобор, кај биста на поетот и револуционер Кочо Рацин. Цвеќе положија претставници на Заедницата на Македонците од Хрватска, претставници на македонските културни друштва од Загреб, Сплит, Осиек, Задар, Пула и Риека, претставници на градот Самобор и Музејот на Самобор.   

Во рамките на свеченостите беше промовирана книгата ,,Златоусно слово,, од проф. д-р Васил Тоциновски.  За животот и делото на Рацин говореше Славчо Ковиловски додека Тоциновски имал предавање на тема ,, Рацин за жената во општеството,,. 

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб. Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци.

извор: радио Самобор

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »