речник контакт

Македонците слабо читаат книги

Македонците не читаат книги. Оние што читаат главно бараат комерцијална литература...

Никола Солев

Македонците не читаат книги. Оние што читаат главно бараат комерцијална литература. 70% од нив сакаат бестселери заради големата реклама, а само 30% ја почитуваат нашата литература. Ова е поентата од трибината „Ние и книгата, можеме ли повеќе“. „Мислам дека тука многу треба да се работи, за да можат и нашите писатели да бидат еднакво читани како што се читани и писателите кои се во моментов актуелни“, беше речено на трибината. „Понекогаш моќните издавачи се одлучуваат да издадат книги што не ги задоволуваат стандардите на едно квалитетно изработено издание“, беше кажано на трибината. Издавачите се пожалија дека немаат поддршка од Министерството за култура. Само мал број ја имаат таа привилегија. Нема стратегија како да се промени состојбата. Ова само по себе доведува до криза на културниот идентитет. „Нашиот по малку западен начин на размислување од идејата за нашата традиција“, вели Лошата економска ситуација, нискиот стандард, несоодветните цени на книгите, недоволниот медиумски простор за книгата, се главните причини да не се чита. Трибината беше обид за популаризација на книгата на библиотеката „Браќа Миладиновци“. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61015]A1[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »