речник контакт

Македонците со најмала слобода на движење

Македонците без виза можат да патуваат во само 31, од вкупно 195, држави во светот. Ова го објавува најновиот извештај на швајцарската компанија „Хенли енд партнерс“ во Цирих, која врши истражувања на барање на бизнис компании или богати луѓе.

Никола Солев

Македонците без виза можат да патуваат во само 31, од вкупно 195, држави во светот. Ова го објавува најновиот извештај на швајцарската компанија „Хенли енд партнерс“ во Цирих, која врши истражувања на барање на бизнис компании или богати луѓе. На списокот од држави кои се рангираат по најголема слобода на движење на нивните граѓани, Македонија го дели 133 место заедно со Либерија и Саудиска арабија. Неверојатно, но со поголема слобода на движење од Македонија се и некои островски земји како Тринидад и Макао, Антиква, Барбадос или некои африкански држави во кои се уште се војува како на пример: Брегот на слоновата коска. Граѓаните на сите членки на ЕУ без виза можат да патуваат во над 100 држави во светот. Меѓу нив е и Словенија, на 35-то место. Пред Македонија се наоѓа и Хрватска, на 52-то место, со можност за патување без визи за нејзините граѓани во 84 држави. Бугарија со 83 држави нема визен режим, Романија со 73 држави. Пред Македонија се Србија и Црна Гора и Украина, на 128 место, зошто со 32 држави немаат визен режим. Со нешто помалку слобода на движење од македонските граѓани се државјаните на Албанија, БиХ, Индија, Кина, Ирак, Иран и Авганистан на последното место. Извор: Ирина Гелевска [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=57857]http://www.a1.com.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »