речник контакт

Максималната казна за дрогираниот полицаец е 15 отсто од платата

Јавноста изненадена од тоа што полицаец кој го чува јавниот ред и мир, поседува пиштол а се дрогира

Петар Печков

Велешкиот полицаец Љ.П. кој доби намалување на платата бидејќи издрогиран дошол на работа, не може да биде отпуштен или построго санкциониран бидејќи не сторил кривично дело, велат во МВР. Во Министерството велат дека им се врзани рацете бидејќи тој не сторил кривично дело, односно не вршел трговија со дрога. Според МВР, од работа може да биде избркан оној вработен кој ќе стори кривично дело за кое ќе биде осуден на најмалку шест месеци затвор.

Во овој случај станува збор за прекршочна пријава за која полицаецот добил максимална дисциплинска казна, односно во наредните шест месеци ќе зема 15 отсто помала плата.

Министерството инсистира на максимално санкционирање на сите што не го почитуваат законскиот ред и дисциплината. Но, од друга страна, мора да го почитуваме Законот според кој по автоматизам работниот однос ќе му престане на секој вработен во МВР, кој ќе направи кривично дело и ќе биде осуден на најмалку шест месеци затвор. Kонкретно за овој случај полицаецот не вршел трговија со дрога, туку бил фатен издрогиран, за што е казнет со максимална дисциплинска казна - велат од МВР.

Од Министерството додаваат дека од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВKПС) минатиот месец извршиле ненајавена контрола во СВР Велес. Kонтролорите се посомневале дека полицаецот Љ.П. бил под дејство на наркотици по што веднаш бил тестиран.

Анализите утврдиле присуство на наркотици.

Ова не е прв случај во кој полицаец е фатен издрогиран на работно место. Во октомври 2011 година полицаец од полициската станица на Бит-пазар падна на тест за дрога.  И во тој случај полицаецот, кај кого бил утврден грубиот прекршок одговарал пред Kомисијата за утврдување дисциплинска одговорност.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »