речник контакт

Малку мудрости (како за промена)

Нешто добро одбрано...

Зоран Николов

„Особина на мудрецот е во тоа да биде умерен и во она што им е допуштено на сите.“ Децим Јуниј Јувенал „За луд се смета оној чија лудост не се совпаѓа со лудоста на мнозинството.“ Сигурд Хоел „Двапати се умира. Втората смрт е да се биде заборавен.“ Жан д Ла Фонтен „Нека твое прво правило биде: почитувај се самиот себе си.“ Питагора „Најголемите реформатори што ги имал светот биле оние кои со реформи почнале од самите себе си.“ Џорџ Бернард Шо „Кој се оправдува, тој самиот себе си се обвинува.“ Латинска пословица „Тајноста е обезбедување за успехот.“ Френсис Бејкон „За да се признае туѓа вредност, треба да се има сопствена.“ Артур Шопенхауер „Паметниот човек е истовремено и морален.“ Аристотел „Земјата е навистина колевка на човештвото, но таа не може вечно да остане во колевка.“ Константин Едвардович Циолковски „Дај му ја на работникот неговата надница пред потта да му се исуши.“ Мохамед „Како што понекогаш повеќе вреди обвивката од книгата, така и костумот може да биде повреден од она што е во него.“ Марко Теренциј Варо Рациниј Верон „Јас ги сакам селаните. Тие не се толку учени за да можат да расудуваат наопаку.“ Шарл Луј д Секонда Монтескје „Треба повеќе пати да размислиме за она што само еднаш можеме да го направиме.“ Луциј Анеј Сенека „Уметност - тоа сум јас. Наука - тоа сме ние.“ Тристан Бернард „Сите страсти со староста се гаснат; самољубието никогаш.“ Франсоа Мари Аруе Волтер „Помеѓу најлудите и највеселите луѓе на светот станав осаменик. Вистинскиот уметник се храни со осаменост.“ Грета Гарбо „И оние што стојат и чекаат исто така дејствуваат.“ Џон Драјден „Лекциите не се даваат - тие се примаат.“ Чезаре Павезе „Една неправедна пресуда прави повеќе зло отколку многу неправедни постапки.“ Френсис Бекон „Често горчливото е корисно, а слаткото штетно.“ Латинска изрека „Не сакаме со раце и зборови, туку со дела и вистина.“ Апостол Павле „Малкумина луѓе можат да ги поднесуваат сопствените мани кај други луѓе.“ Артуро Граф „Ако секоја ствар ја поставиш на добро место и на секоја работа и го одредиш вистинското време, планот мора да се оствари.“ Бенјамин Франклин „На политиката не смеат да влијаат ниту соништа ниту илузии.“ Мустафа Кемал-паша Ататурк

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »