речник контакт

Малолетничкиот затвор во Велес со мизерни услови

Народниот правобраниел со рок до надлежните за еден месец да ги отстранат негативностите

Петар Печков

Дете заболено од хепатит, оставено без посебен режим на исхрана, дете заболено од шуга , ниеден малолетник вакциниран од заразни болести, кујна со вработени без санитарни книшки, деветмина неписмени штитеници, отсуство на образовен процес, домци кои сами си плаќаат (приватно) школување и приватно се лекуваат кај стоматолог е дел од состојбата која што е затечена при ненадејната посета на ВПД "Тетово" во Велес,  од страна на народниот правобранител Иџет Мемети, на трети минатиот месец.

Правобранителот при посетата затекнал и деца со шуга, болни од хепатит, неквалитетна исхрана и здравствена заштита, живот во влажни и студени простории без основните услови за престој. На министерството за правда даден е рок од 30 дена за да ја подобри состојбата во домот.

Ненадејната посета била направена поради зачестените сексуални злоупотребувања на штитениците во Домот и присилувањето на жртвите кои пријавуваа силување и сексуално злоупотребување од нивни врсници во Домот, да ги сменат изјавите пред истражните органи.

"Во текот на увидот, разговарано е со неколку групи малолетници, и од отвореното и од затвореното одделение на домот, при што повеќето од нив имаа поплаки за сместувачките услови, ограничените можности за рекреација во слободното време, како и неколку поплаки кон службени лица во Домот, воспитувачи и припадници на секторот за обезбедување", наведува Народниот правобранител во информацијата.

Народниот правобранител, на четврти овој месец, испратил итна информација до Министерството за правда и до Управата за извршување санкции за затечениот ужас во домот за малолетници, со барање за итни мерки за елиминирање на таа состојба. Тој ги лоцирал проблемите поради кои децата и малолетните штитеници се агресивни и сексуално насилни и бара државата итно да преземе мерки. 

Службениците  во малолетничкиот затвор во Велес потврдиле дека лекар има само во една смена, на заболекар децата се носат кај приватен и сами си плаќаат, храната и за болните и за здарвите е иста, се греат на ќумбиња што не здоволува, личните работи нема каде да ги чуваат, а во самица се испраќаат без да се провери дали здравствено можат да издржат.

Децата пак раскажале дека ништо не учат и не се ангажирани иако основата цел на домот е да ги превоспита. Издржувајќи ја затворската казна голем дел од останале неписмени или пак со половично образование. Дека домот е извор на деликвентни однесувања покажаа и последните три случаи во кои неколкумина малолетници силуваа еден, а што е уште пострашно еден од случаите стражарите не го пријавија во полиција.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »