речник контакт

Манасков во Борец, но како тренер

Пепи Манасков стана тренер на прволигашот Борец и оваа полусезона ќе ја води екипата во оваа конкуренција.

Петар Печков

Пепи Манасков стана тренер на прволигашот Борец и оваа полусезона ќе ја води екипата во оваа конкуренција.

Тој вели дека причина да се нафати на оваа функција била да му се помогне на клубот каде што ги започнал првите ракометни чекори.

- Борец е во лоша состојба сакав да му помогнам со тоа што на овие млади деца ќе им го пренесам моето знаење и искуство. Нема никаква финансиска корист, туку желба Борец да забележи добри резултати - изјави Манасков.

Екипата на Борец се натпреварува во првата лига и по есенскиот дел е на осмо место од 13 екипи. Во неа најстариот член нема повеќе од 20 години. Од клубот велат дека немаат големи амбиции со ангажирањето на Манасков, туку можност тој да помогне.  

Иако терминот на првиот тренинг се поклопуваше со завршницата од четвртфиналната средба на СП помеѓу Хрватска и Франција, Манасков не ја изгледа истата, објаснувајќи дека не е во ред да задоцни на првата средба со ракометарите.

- Ќе оставам лош впечаток ако на првиот тренинг задоцнам, како потоа од  младите ракометари ќе барам дисциплина - објасни Манасков.

По најавите за доаѓањето на Манасков за тренер, од конкурентниот градски ривал „Велес“ во Борец преминале тројца негови членови.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »