речник контакт

Манифестацијата „Велешка пастрмајлија”

Датум: 18.02.2006 (10.00) Организатор: Центар за поддршка на НВО Велес и Општина Велес Mесто: ресторан „Розе сала“ Велес

Аница Солева

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на манифестацијата „Велешка пастрмајлија” што и оваа година ја организираат Општина Велес и Центарот за поддршка на НВО - Велес. Во негувањето на културните традиции, Велес покрај литературата, ликовните и музички уметности, особено внимание посветува на негувањето на традицијата во која доаѓа до израз традиционалната староградска песна, обичаите и националната кујна. Велес е препознатлив по подготовка на традиционалниот специјалитет пита пастрмајлија. „Велешка пастрмајлија“ ќе се одржи во сабота на 18 февруари 2006 година во ресторан „Розе сала“ со почеток во 10:00 ч. На посебни штандови ќе бидат презентирани производители на пити пастрмајлии и вино од Велес и соседните градови. Нивните производи ќе бидете во можност да ги набавите по симболични цени (20 денари за парче пита и 10 денари за чаша вино). Собраните средства ќе се наменат за хуманитарни активности на невладините организации од градот. Во рамките на оваа манифестација производителите на пити ќе направат избор на најдобриот пита мајстор на Велес за 2006 година. Ќе ни биде особена чест ако и Вие бидете гостин на манифестацијата и ја искористите можноста да ја изразите Вашата хуманост. За подетални информации обратете се на тел. 043/232 406 кај Катица Чадиева, или на тел. 043/221 583 кај Веса Шкортова и Димче Велев. [url=veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=133&Itemid=19]veles.gov.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »