речник контакт

Манифестација „Благцата на баба“

Педесетина подзаборавени благца и 15 илјади собрани денари се резултат на манифестацијата „Благцата на баба“ која се одржа во Велес.

Аница Солева

Педесетина подзаборавени благца и 15 илјади собрани денари се резултат на манифестацијата „Благцата на баба“ која се одржа во Велес.

ПовеЌе од петстотини жени-пензионери од десетина града во Македонија се забавуваа и дружеа на велешко езеро на средбата која имаше и хуманитарен карактер.

Собраните пари се наменети за четиримесечната Моника Петрушевска која има вродена срцева маана и средствата и требаат за операција во Софија-Бугарија.

За оваа пригода од фиока беа изведени рецептите и подготвени тиспиштија, фурма, татлии, шеќерлеме, раванија.

За да се долови времето во кое живееме имаше и трендовски кекс-торти, американски колачи, егзотик и урма торти. За доброто расположение некои од учесничките не ја пропуштија можноста да го земат микрофонот, да запеат и се вратат за момент во младоста.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »