речник контакт

Марјан Бонев државен првак во планинско трчање

Патеката на Водно во должина од 11,8км ја истрча за 54,21 мин.

Петар Печков

Велешанецот Марјан Бонев стана државен првак во планинско трчање, поединечно, кое се  одржа неделата во Скопје. Со време од 54 мин. и 21 сек. ја мина патеката во должина од 11, 8 км.  Трката се одржа на Трим патеката на Средно Водно со искачување по ново крстената Новогодишна патека и спуштање по Пензионерска патека.

Патеката беше со висинско искачување од 530 метри како и исто толку спуштање (3 круга) сениорките и младинците  трчаа  7, 9 км а младинките  4 км. Второтo  место кај сениорите му припадна на дотогашниот шампион во оваа дисциплина Кокан Ајановски со време 56:24, додека трет беше Жан Тосев со резултат 59:19.

Со оваа победа Бонев избори  пласман за учество на Балканското првенство во планинско трчање кое ќе се одржи викендов  на 15 август во Бустени, Романија.

Неодамна Бонев победи на  планинската трка на Шара, каде стартот беше во Косово а учесниците преку скијачкиот центар Брезовица, се искачија на 2.520 м на врвот Прибег а целта во Македонија, при што  истрчаа 33 км. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »