речник контакт

Марјан Бонев победи на планинската трка на Шара

Стартот беше во Косово а учесниците преку скијачкиот центар Брезовица, се искачија на 2.520 м на врвот Прибег а целта во Македонија. Учесниците истрчаа 33 км.

Петар Печков

Изминатиот викенд на националниот празник Илинден во рамки на српската Скајранинг Лига беше одржана првата прекугранична трка во планинско трчање - Шарпланински Скајрејс на која првото место го освои велешанецот Марјан Бонев. Тој патеката ја истрча за 4:30,42 часа, како втор со сребрен медал се закити Ненад Живковиќ, од Србија, а третото место и бронзениот медал му припаднаа на Душко Момиќ, исто така од Србија.

Бонев по трката рече дека сите кои ја истрчале патеката се победници. Во женска конкуренција прва беше Марина Николиќ од Србија, второ место зема Ведрана Јериќ Милош од Хрватска и трета беше Ана Милосављевиќ.

Трката со вкупна должина од 33 километри и висинска разлика од 2.450 метри, почна во село Штрпце, Република Косово и заврши во Старо Село, во општина Јегуновце, Македонија. На Sky Race меѓуграничната планинска  трка  учествуаа шеесет и седум натпреварувачи од Македонија, Косово, Србија, Хрватска, Шведска и САД.  Трката ја  завршија 32 натпреварувачи.

Стартот беше на 800 м. н.в. а учесниците преку скијачкиот центар Брезовица,  се искачија на 2.520 м  на врвот Прибег. Од таму трката ги водеше натпреварувачите по сртот према Ливадички врв и тешкиот Љуботен и следеше стрмно спуштање до планинарскиот дом Љуботен и Старо Село. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »