речник контакт

Маслодајна и Крзнара, првите девет месеци од годинава во позитива

Маслодајна 3,6 милиони плус а Крзнара 410 илјади денари

Петар Печков

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес остварила   вкупна сеопфатна добивка од 3.591.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Искажаната добивка е резултат на намалените трошоци за суровини и материјали, како и зголемена реализација“, се вели во образложението за остварените резултати на Благој Ѓорев. Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 7.354.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за девет месеци достигнале  452.434.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 401.164.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 51.270.000 денари.

Во првите девет месеци од минатата година, компанијата оствари вкупни приходи од продажба во вредност од 446.990.000 денари.

Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствариле добивка од 410.000 денари.

Остварената нето добивка во овој период од 2015 година во однос на истиот период лани е помала за 50%, стои во образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.

“За деветте месеци остварен е приход од 162.273.000 денари, којшто е помал за 6% во однос на истиот период од претходната година, којшто изнесувал 173.491.000 денари. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 2%, од странскиот пазар со 94%, од други приходи со 4%“, покажуваат податоците во Образложението.

Расходите во првите девет месеци од оваа година, како што се наведува, изнесуваат 161.863.000 денари и се помали за 6% во однос на истиот период претходната година. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 85.063.000 денари.

 веста  е објавена на порталот:  Бизнис инфо

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »