речник контакт

Маслодајна со повисока откупна цена на сончогледот, во однос на лани

Се очекува повисок принос од зголемените површини каде се одгледува

Петар Печков

Сончогледот  есенва ќе се откупува по повисока цена од лани. Информацијата  ја соопштиле од велешка Маслодајна, единствениот преработувач на ова индустриско растение во земјава а ја пренесува веб страницата „.Агротим“

На земјоделците, кои потпишале договор за откуп, им било соопштено дека откупната цена ќе изнесува 19 денари за килограм сончоглед, додека лани изнесуваше 1,5 денар помалку, или 17,5 за кг.

Сакаме да придонесеме во зголемување на површините под сончоглед и поради тоа ја зголемивме цената. Се надеваме дека со неа  земјоделците ќе бидат задоволни и ќе бидат мотивирани и следната година да насеат повеќе –  најавил директорот Горанчо Лазов.

Според информациите со кој располага порталот од теренот, годинава се очекувале повисоки приноси од сончоглед поради поволните временски услови а имало и поголеми засадени површини.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »