речник контакт

Маслото за јадење поевтини за десет денари

Поволна цена пред почетокот на сезоната на подготовка на зимницата

Петар Печков

Маслото за јадење поевтини за 13 отсто. Цените на литар Кристал  од 78 се намали на  68 денари.  Цената на светските берзи, која е во надолна линија предизвика и македонските производители да го поевтинат и  овој основен прехранбен производ.  И тоа во периодот кога  некои веќе започнаа со подготовките на зимницата. Од велешката фабрика за масло  ,,Благој Ѓорев,, поевтинувањето  го објаснуваат   со намалените цени на сировото сончогледово масло.

Цената на сончогледот на светските берзи и сировото сончогледово масло е во опаѓање. Богатиот род на сончогледот  во соседството Бугарија, Србија, Романија  но и во Украина придонесе да се намали и цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд, но во зависност од него ќе се формира и цента на македонскиот пазар – изјави Горан Лазов извршен директор  на Маслодајна. 

Ваквиот ценовен  позитивен удар по џебот на потрошувачите, ја зголеми потрошувачката.   Маслото сега се купува во поголеми количества, за како што објаснуваат велешани да се има во залиха.

Не е мала работа зејтинот да поевтини десет денари на  оваа цена. Сега доаѓа и периодот на подготовка на зимницата, така што  купив повеќе шишиња, нека се најде ќе треба. Сега е евтин ама по некој ден може и да поскапи –вели пензионерот Никола Димов.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »