речник контакт

Матичните доктори од Велес бараат отворање посебен приемен пункт за лица кои се сомнителни на ковид-19

Еден доктор, кардиологот Атанас Ѓорѓиевски само иницијативно се јавил да помага со дежурства во Инфективното одделение од велешка Болница

Петар Печков

Велешките матични доктори, бараат отворање на  посебен примен пункт за лицата кои се сомневаат дека се позитивни на кводи-19. Со ова тие сметаат дека ќе се избегне ширењето на заразата. Тие предлогот го кажале на седница на Општинскиот кризен штаб.

Триажниот центар би било место каде има рендген и лабораторија, би било наменето исклучиво за овие лица. Така би се намалил притисокот  врз болницата, рендген одделението, матичните доктори, но и би се избегнало овие сомнителни случаи со ковид-19 да се мешаат со пациенти во чекалниците на матичните доктори и да контактираат со други пациенти.

За предлогот  ќе се обидеме да најдеме решени , Кризниот штаб и трите здравствени јавни институции заедно  со матичните лекари - кажа Коцевски.

Bо  ковид центарот, во Велес доброволно, пред повикот за ангажман на приватните интернисти,  се јавил еден доктор, кардиологот  д-р Атанас Ѓорѓиевски, кој од минатиот петок им помага на колегите од Инфективното одделение.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »