речник контакт

Матурско запросување во Велес

Сердал Мамудов ја побара и доби за сопруга Перихан Абединова

Петар Печков

 На матурската забава на учениците  од ,,Коле Неделковски,,во Велес  се случи запросување. Сердал Мамудов, кој е ученик, матурант во економското ,,Јовче Тесличков,, ја побара за сопруга неговата девојка Перихан Абединова. 

 Сите знаеја за овој чин, јас последна дознав, откако Сердал ме побара за сопруга. Бев изненадена, ама бргу се созедов и кажав да. Првата честитка стигна од директорот на школото Боро  Ристевски- вели Перихан.

Нивната врска била долга две години а веќе за август  се подготвува свадбата.   Убавиот чин  на запросување се случи во хотелот ,,Гарденија,, .   Перихан  има 18  Сердан 19 години. Другарите на момчето со плаката ,,Ќе го поминеш ли остатокот од животот  со мене,,  ги поддржаа младите.   

ТрМр им  го честита бракот на младите!!

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »