речник контакт

Маја заминува за САД

Бескрајно сум им благодарна на сите, што се јавија, што донираа и на различни начини помогнаа, иако мојата борба продолжува вели Маја, која петок заминува за САД на лекување

Петар Печков

Тони Зен, грипата Нокаут, дуото Некс Тајм, Биба Додева,  Ноне Неделковска, Мики Секуловски и други изведувачи, беа дел од хуманитарниот концерт ,,Со љубов за Маја,, кој вчера вечер се одржа на Градскиот базен во Велес. Собраните средства во висина од 50 денари за  влезница   беа наменети за Маја Керова, на која и се потребни за лекување во САД откако боледува од канцер.

Не очекував дека ваков одѕив ќе има  моето барање. Постојат хумани луѓе и македонскиот народ во овој случај тоа го покажа. Бескрајно сум им благодарна на сите, што се јавија, што донираа и на различни начини помогнаа, иако мојата борба продолжува.  Ме задолжија за цел живот иако тие велат дадено е од срце  и ништо не ни должиш. Тоа е хуманоста даваш а не бараш ништо за возврат. Заминувам петок за САД и убедена сум дека резултатот ќе биде добар. Се чувствувам како победник – рече Маја.

Вакви настани за заболените значат многу. Основно дека не си сам. Болеста канцер не  е само на  пациентот, тоа е болест на целата фамилија и општеството.  Оваа борба не треба да ја пропуштиме на секој сам да ја војува, оти не знаеме што не чека утре секого од нас.  Поддршката од  толку многу луѓе, дека не си сам два мотив да се бориш, бидејќи болеста е тешка. Ракот на дојка е сепак  потенцијално излечива болест – рече Биба Додева претседател на  Здружението на заболени од рак  ,,Борка,,  која во Македонија имала десет илјади членови.

Велешани масовно се одѕваа преку повеќе хуманитарни настани, по повикот на Керова за финансиска помош, за нејзино лекување во Хјустон САД. Таму имало доктори чие лекување покажало ефикасност во случаите  како на Маја. Таа благодарна за великодушноста на сограѓаните и наскоро заминува за САД.

Организатор на концертот на Градскито базен  беше ЦД Радио од Велес и подружницата на здружението ,,Борка,, од Велес.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »