речник контакт

Мелничани со илјада швајцарски франци помош за Кристијан Андреев

Собравме еден дел со кој се надеваме дека ќе му помогнеме да го надмине неговиот здравствен проблем -рече Еродван Етовски -Еки претседател на друштвото ,,Макмел,,

Петар Печков

Минатиот викенд на  годишната  ,,Забава во Швајцарија,, која ја организира друштвото ,,Макмел,, а се одржа во градот Бургдорф и  на која присуствуваат иселените жители од велешка Мелница, се случи и добротворна акција. 

На втората иселеничка мелничка средба околу 200 присутни гости решија да одвојат од нив за донација и лечење на велешанецот Кристијан Андреев.   Четиринаесет годишниот Андреев боледува од аутизам и неговите родители собираат средства за лекување во Турција.   

 На оваа средба присуствуваа сите иселени жители на Мелница од Швајцарија, Германија, Австрија. Доаѓаат и многу други жители од Македонија а годинава наш гостин беше градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.   Пред да се одржи  средбата имав контакт со мојот пријател и сограѓанин од Велес -Трајче  Папазов, кој ми посочи за проблемот кој го има малиот Кристијан.   Тој ми праша дали може да му се помогне и јас како претседател веднаш прифанав. Собравме еден дел со кој се надеваме дека ќе му помогнеме да го надмине неговиот здравствен проблем -рече Еродван Етовски -Еки.

Во оваа пригода се собрале 1050 швајцарски франци,  кои попладнево и беа врачени на мајката на Кристијан Весна Андреева.   За семејството оваа помош значи многу, за да се излекува нивниот син. 

Најмногу ни значи поддршката од луѓе кои не ги познавме, не сме ги сретнале, кои самоиницијативно решиле да помогнат. И да кажам благодарам тоа е малку. Кога ќе се вратиме  и се надевам се ќе биде како што треба,   би била најсреќна кога Кристијан би им се заблагодарил лично  и некој наредна година да присуства на таа нивна забава -рече мајката Весна. За да може Кристијан да замине на операции во Турција им се потребни уште девет илјади евра.

 телефони за донација     070-143-161/       за ВИП  143-463 

АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »