речник контакт

Металното тркало на Вардар со две функции

Од него Караколеви наводнувале и произведувале струја

Петар Печков

Оваа метално  тркало, на  реката Вардар, семејството Караколеви своевремено добивале и вода за полевање, но и  струја за  куќата во бавчите.

Тоа се наоѓа спроти детското игралиште , и тешко може да се види оти е обраснато во џбун. Но и го крие надојдениот Вардар. За неговата функција зборува стопанот на бавчата Ѕвонко Караколев. 

 На времето ова тркало црпело вода од реката. Служела за полевање на бавчата.  Одамна јас велам ајде да пробам да ја користам за добивање струја. наместив мал електромотор,  колку да ја придвижува и заедно со водата од реката, произведуваше струја, колку за пумпање на вода, полевање по бавчата и за осветлување во куќата. Ама пред некоја година кога Вардар надојде, го помести тркалото од осовината, тоа падна.Не можам да го вратам назад и сега не служи за ништо - објаснува Ѕвонко. Не се сеќава колку години е старо но убеден е дека има повеќе од шест децении. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »