речник контакт

Метаморфози на охридски театар вечер на Стоби

Во претставата темата се митовите но и дилемата што ако Боговите не се достојни на правилата што сами ги поставуваат. За девет години ниту еден текст на Стоби, на римски автор со антички мотиви, годинава дури два.

Петар Печков

Вечерва на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ќе се претстви Охридскито театар со претставата ,,Метаморфози,, работена по текст на Овидиј,  во режија на Андреј Цветановски а адаптирано од Дарко Јан Спасов. Во претставата темата се митовите но и дилемата што ако Боговите не се достојни на правилата што сами ги поставуваат. .

Митовите се појавуваат во историјата на човештвото и носат предупредување за иднината, за да не се повторат ситите грешки. Дали и Боговите сакаат да станат  луѓе, колку што не искаме да станеме Богови?  Дали Боговите се достојни на  својата божественост – вели режисерот Цветановски.

Во претставата  настапуваат Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодоровски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Македонка Илиевска и Адријана Билаловиќ.

Почетокот на претставата е во 21 часот и таа е четврта од натпреварувачката категорија. Годинава ова е втор текст, по  ,,Енеида,, на Вергилиј, поставен на Фестивалот ,,Стоби,, по текст на римски автор, бидејќи сите изминати девет години се работеа антички текстови на грчки автори.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »