речник контакт

Метларско востание пред Грчкиот конзулат

Во вторник во 11 часот пред грчкиот конзулат, ќе биде дигнато „Метларското Востание\". Со метли во рацете ќе им се заблагодариме на нашите јужни соседи, за нивниот коректен однос на најдобри соседи на Македонија.

Петар Печков

Во вторник во 11 часот пред грчкиот конзулат, ќе биде дигнато „Метларското Востание\". Со метли во рацете ќе им се заблагодариме на нашите јужни соседи, за нивниот коректен однос на најдобри соседи на Македонија. Нивниот пример, е пример на демократија, потврда за нивната зрелост и почитување меѓу народите. Да се даде метла на некого за да помине граница е врв на демократијата, вистински европски однос, па затоа ние во вторник во 11 часот, европски, цивилизирано и демократски ќе го направиме истото. Браќа и сестри востаници, земете ги метлите во раце, подајте им ги на нашите драги соседи, на најдемократскиот народ во Европа, нека знаат дека знаеме да го почитуваме демократските принципи кои ги поставиле.

Се повикуваат сите приврзаници на „Метларското востание\", заедно со организаторите МЦИ (Македонска Цивилизација и Иднина), во вторник во 11 часот да бидат пред грчкиот конзулат и со метла во раката да им се заблагодарат на грците за почитувањето и доследното практикување на демократските принципи. Задолжителна опрема – МЕТЛА ЗА ГРЦИТЕ!!!!!

ДА ЖИВЕЕ МЕТЛАРСКОТО ВОСТАНИЕ.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »