речник контакт

Метрополи на кои им се закануваат земјотреси

Врз основа на анализите на земјината кора и податоците за претходните земјотреси, геофизичарите со голема сигурност проценуваат дека регионот на Токио во следните децении ќе биде погоден од разорен земјотрес.

Петар Печков

Причината е во напнатоста која се зголемува пред брегот на Јапонија, во подводната пукнатина на Филипинската и Пацифичката плоча кои влегуваат под Евроазиската плоча и при тоа се судираат една од друга.

Пред 88 години во земјотрес со јачина од 7,9 степени во регионот на Токио загинаа 140.000 луѓе. Од тогаш е мирно, но се закануваат големи потреси и нови судири на плочите, така некои експерти за Токио велат како за „град кој чека да умре“.

Меѓутоа, Јапонија е само една од земјите кои се „тресат“.  Теоретски, до земјотреси може да дојде на секое место во светот, но тие се многу почести на рабовите на континенталните плочи.

Повеќе од 95 отсто земјотреси се случуваат долж „огнениот појас“ на Тихиот Океан, во региони во кои Австралиската, Индиската, Арапската и Африканската плоча се вовлекуваат под северната Евроазиска плоча. Исто така, посебно трусно е подрачјето од Кина, преку Непал, Иран до Турција и југоисточна Европа.

Многу од тие делови во светот се густо населени, а населените места често се наоѓаат покрај бреговите и загрозени се од евентуално цунами. Прво во индустриски развиените, а потоа се повеќе и во земјите со брз развој никнуваат големи градови, често мега градови.

Меѓу тие градови, според проценките на геофизичарите, најзагрозен е главниот град на Непал, Катманду, кој има „само“ милион жители. Исклучително се загрозени и Делхи, Мумбај, Манила, Исламабад, Техеран, Џакарта, Бандунг, Карачи, Истанбул, Измир, Богота, Мексико Сити, Гватемала Сити, Сан Салвадор, Кито и Лима.

Во индустриски развиените земји покрај Токио посебно е загрозен Лос Анџелес. Во високо развиените земји експертите поаѓаат од тоа дека разорни земјотреси можат да предизвикаат огромна материјална штета. Би биле оштетени или уништени скапи станбени и деловни згради и индустриски постројки.

Точни проценки нема, но на пример, во случај на разорен земјотрес во Токио, се смета на штета која може да достигне до три илјади милијарди долари, плус колатерална штета во светското стопанство. Меѓутоа, бројот на човечки жртви не мора да биде голем, бидејќи во развиените земји се води сметка за опасноста од земјотреси и се применуваат високи стандарди во градежништвото.

Од друга страна, во земји со брз развој материјалната штета не би била толку голема, но може да има многу повеќе жртви – токму поради стандардите во градежништвото/


Текстот е превземен од Дојче веле - Бон

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »