речник контакт

Мефаилоски со награда за машка улога на Фестивалот ,,Гола месечина,, во Скопје

,Меѓународното жири му ја додели наградата на Фаик за улогата на Ерџан во ,,Синиот портокал,,

Петар Печков

Актерот Фаик Мефаилоски за улогата на Ерџан во претставата ,,Синиот портокал,, ја доби наградата за најдобра машка улога на Фестивалот на комедијата  „Гола месечина“ 2018, во Скопје. 

Меѓународното жири на 5-тиот Интернационален фестивал што се одржа од 18 до 24 јуни, во состав Иван Лео Лемо (претседател на жирито), Магдалена Ризова Черних (член) и Љупчо Петрушевски (член), одлучија наградата за машка ролја да му ја доделат на велешкиот актер. 

На Фестивалот учествуваа   шесте претстави  -три од Македонија и три од регионот. Претставата ,,Синиот портокал,, е  работена по текст на британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски  а освен Мефаилоски настапуваат Самоил Стојановски и Жарко Стефановски. 

Приказната во претставата е за двајца психијатари кои  лекуваат млад шизофрен пациент, кој го толкува Фаик како Ерџан и  се осврнува на расата, на менталната болест и британскиот живот во 20 век.  Наградата Гран при за најдобра претстава  на Фестивалот ,,Гола месечина,, се додели на „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Сараевскиот воен театар – САРТР“, од  Босна и Херцеговина. Организатор на фестивалот е Театар Комедија и Општина Аеродром.   

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »