речник контакт

Меѓународен ден на борба против гладувањето

Лани собрани 54 илјади денари, годинава локалната власт донираше 20 илјади денари

Петар Печков

16 октомври е Светски ден за борба против  гладувањето. Тој е прогласен од страна на ФАО, Светската организација за храна и агро култура при Обединети нации, во 19147-та година.  По тој повод, оваа седмица до 22 октомври, Црвениот крст на Македонија организира кампања под мотото ,,Помислете на нас,,.  

Целта на кампањата е  свртување на вниманието, покренување на општото мислење за граѓаните за сиромаштијата и обезбедување фондови  кои се наменети за ранливите лица, како и да се мобилизираат одредени организации поединци за помош на гладните – најави Мичо Трајков, претседател на ОО на Црвен Крст Велес.    

Минатата година преку различни форми собрани биле 54 илјади денари, кои ќе бидат поделени на  54 семејства, на кои им се потребни. Списоците ги прават учениците од училиштата, а семејствата ќе добијат бонови од по илјада денари со кои ќе можат да купат храна.  Во оваа акција се вклучи и Општина Велс, а градоначалникот Чадиев, на д-р Трајков му врачи чек од 20 илјади денари. Тие ќе се поделат на десет семејства, кои ги определил Центарот за социјални грижи.   

Со овие средства нема да решиме којзнае колку и што, но влегуваме и даваме пример за делење помош, на тие на  кои им е потребна – изјави градоначалникот Чадиев.

Оваа седмица младите активисти на Општинскиот црен крст, на штандови ќе  продаваат вредносни бонови, наменски за  оваа кампања. Граѓаните можат од телефонскиот број  143-400од сите мрежи 070/075/077 да донираат по 100 денари со едно јавување. Објавена е и жиро сметка на Фондот за солидарност во Комерцијална банка ,а на која можат исто така да се донираат парични средства 300000001327966.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »