речник контакт

Меѓународна кајак регата по Вардар (фото)

65 учесници од шест земји запловија од Велес до Солун, по четврти пат во чест на браќата Св. Кирил и Методиј

Петар Печков

Шеесет и пет учесници од шест земји запловија по реката Вардар од Велес до Солун во чест на словенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј.  Карактеристика на оваа  меѓународна регата е што се плови исклучиво со спортски  кајак – кану чамци. Ова е четврта по ред а и е дел од календар на регати по реките од Стариот континент, заедно со Дунавската, Дрина,  Сава, Тара.

Ова регата  е специфична по тоа што на неа учествуваат луѓе кои возат и по многу потешки патеки. Таа нема натпреварувачки карактер, туку чисто туристички, на учесници  кои сакаат да го чувствуваат адреналинот во крвта. Се вози исклучиво во кајаци, нема сплавови, моторни чамци, туку само во овие спортски  средства. Ова е во согласност со светските стандарди и веќе трета година по ред сме дел од светскиот календар со ист датум  -24 мај  и  иста локација – реката Вардар  - вели Александар Коцев од параглајдерскиот клуб ,,Аквила,, кој е организатор на регатата во Македонија. 

Четири дена тие со кану чамци, рекреативно   ќе ја минат реката Вардар  во должина од 190 км. од кои 120 се во Македонија. Запловија од Велес а в недела попладне  ќе треба да стигнат до Солун Учесниците ќе спијат  близу  локалитетот Стоби, па  во Демир Капија и близу Гевгелија.  Со сопствени средства преку котизација обезбедена е храната а сами носат шатори за спиење.  Учесниците се од Словачка, Австрија, Германија, Бугарија, Србија и Македонија.

Имам  веслано по две илјади километри секоја година, бидејќи сум во организацијата на Дунавската регата низ Австрија. Таму реката е мирна.  Кај ВасВвардар за мала должина од стотина километри  има повеќе карактеристики, на мирни води, диви, води, минува низ рамница, покрај лозја, низ клисури. На ова регата има се што се случува на одвоени три – четири различни патеки. Тука имаме комбинација од различни искуства на едно место  и тоа е голема предност  - вели  Јанис Канделка од Австрија кој по втор пат плови по Вардар.

Тој е Грк по раѓање и се сеќава дека  како мал често доаѓал  со родителите во Велес на пазарење,  за сега да доаѓа по друг повод  Учесниците очекуваат дека нема да имаат проблеми по Вардар, бидејќи истиот е со високо ниво на водата  за пловење.

 

Многу го сакам веслањето, сум слушала за оваа  туристичка регата. Со нетрпение го чекам ова возење. Иако Вардар не е Дунав, тој е мирен а оваа река е дива ќе ја минам, со задоволство – вели  Ерика Вирц која доаѓа од Виена.  Кајак регатата по Вардар во чест на браќата Св. Кирил и Методиј е одлична можност за промоција и на туристичките потенцијали на Повардарјето.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »