речник контакт

Мигрант нападнат, заврши во Болница

16 годишно дете објаснило дека е ограбено

Петар Печков

Понеделникот  навечер  мигрант бил згрижен во велешката Болница, откако претходно бил донесен  од страна на лекар  и дежурна екипа  на Итната  помош.  Настанот се случил околу  21 часот на автопатот во близина на селото Караслари.

Момчето кога било згрижено  на хируршкото   одделение  се жалело дека е  физички нападнато, на болки во   стомакот и  дека е ограбено. Поради неговото непознавање на јазик, тој комуницирал со прсти и објаснил   дека има  16 години и доаѓа  од  Сирија.  

Извршени беа  снимања и беше  преземена  неопходните здравствени претраги за да констатираме дали и какви  повреди има.  Детето се жалеше на болки во стомакот -  изјави дежурниот доктор Ниметула Лимани од велешката  Болница.   Од велешката полиција немаат информации за  настанот. 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »