Петар Печков
Објавено: петок, 21 февруари 2025
Изложбата „Балканска Геометрија“ на авторот Милош Милосављевиќ е отворена во Ликовен салон во Велес. Авторот низ 18 дела работени во масло на платно, се претставува по втор пат пред велешани. Прв пат по отворањето на салонот во 2008 година.
„На секое дело може да се примети дека е присутен ѕидот, кој е метафора за процес на дезинтеграции, за поделби, процеси кои се присутни на Балканот. Тоа што го живееме на овој простор 30 години, јас го обликувам естетски, на мој специфичен јазик. Овие мои емоции преточени во слики, се мој бунт против се што ни се случува. Може да се приметат куќи, мочуришта, ветрометина, периферија, промаја, контејнер. Овде на Балканот , нешто што функционира ќе скршиме, па потоа се трудиме да го лепиме“ – кажа за неговите дела Милосављевиќ.
Ова е негова 16 самостојна изложба, која претходно беше поставена во Ниш, Врање, Нови Пазар и во МКЦ Скопје.
Авторот Милосављевиќ е роден во Ниш Србија а предава на ФОН, каде е декан на отсекот за дизајн. Има дипломирано на факултетот за уметност во Ниш. Член е на ДЛУМ од 2007.
Tweet |