речник контакт

Минимална казна за најголемиот помор во Вардар

Сторителот на големиот помор на риба кој летово се случи во реката Вардар кај Велес, ќе помине само со прекршочна пријава и минимална казна бидејќи не може да се утврди причинетата штета, наспроти проценките дека е изумрена риба вредна минимум сто илајди евра.

Петар Печков

Сторителот на големиот помор на риба кој летово се случи во реката Вардар кај Велес, ќе помине само со прекршочна пријава и минимална казна бидејќи не може да се утврди причинетата штета, наспроти проценките дека е изумрена риба вредна минимум сто илајди евра. За овој настан пријавен е АД ЕЛЕМ, во чија сопственост е хидроцентралата Матка, која во краток времеснки рок ноќта на 21 јули, пуштила големо количество на вода, од која потоа поради тињата се удавија огромни количества риба. Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес, како концесиоенр со водите на реката сака да ја наплати причинетата штета но не може.

- Писмено се обративме до Јавната научна установа Институт за сточарство од Скопје од каде побаравме проценка на видот и количината на угинатите риби, како и вредноста на штетата, но за жал одговор немаме – изјави Томе Илеивски секретар на ЗСР Бабуна. Оваа проценка им е потребна за да можат да поднесат граѓанска тужба за надомест на штета за угинатата риба, но и за да продолжат со дејноста. Тие за поморот тогаш веднаш го алармирале надлежните инспекции, Заводот за здравствена заштита, санитарно-здравственита инспекција како и државниот и општинскиот инспектор за животна средина, кои веднаш излегле на терен а како засилување дошле инспекциски екипи и од Скопје. Членовите на друштвото се жалат дека риба скоро и да нема во велешкиот ревир, па затоа мораат да ловат во реките Бабуна и Тополка а една годишна дозвола ја платиле 1.200 денари. Надлежните од Институтит објаснуваат дека иако настанот е регистриран од сите надлежни инспекции тие биле информирани неколку дена поцоцна.

- Не бевме благовремено повикани да земеме мостри и да ја констатираме состојбата. Три дена по поморот ние добивме барање да излеземе на терен. Како можеме тогаш да извршиме проценка на колкави количества риба се угинати и од кој вид – изјави Боне Палешевски, директор на Институтот за сточарство, надлежна институција овластена од Министерството за земјоделие за да изврши проценка во вакви случаи.

Од државниот инспекторат за водостопанство велат дека тие поднеле прекршочна пријава за АД ЕЛЕМ во Основен суд Скопје и досега нема било каква одлука. Доколку се докаже дека сторител на поморот е АД ЕЛЕМ тие ќе треба да платат максимална казна од 300 илајди денари и да го порибат Вардар. Поморот на риба во реката Вардар, што дојде како резултат на испуштање на вода од ХЦ Матка е најголем досега а реката е безмалку мртва по течението низ Велес. Првичната проценка е дека е направена штета од минимум сто илјади евра.

- Ако во Вардар изумреа 20 тони риба а килограм подмладок од најмалите парчиња чини 4,6 евра ете ја сметката колкава е минималната штета, бидејќи не треба да се заборави дека во поморот имаше и големи примероци на крап и сом - изјави Петре Алчев претседател на ЗСР Бабуна од Велес, која е концесионер на реката Вардар каде се случи еколошкиот инцидент.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »