речник контакт

Министерот Адеми доаѓа во вторник во Велес за ги расчисти дилемите

Адеми негира дека има согласност за рестарт на Топилницата, најави посета на Велес во вторник

Петар Печков

Министерот Абдилаќим Адеми на прес-конференција рече дека се дезинформации наводите според кои Министерството за животна средина и просторно планирање дало согласност и дозвола за рестартирање на Топилницата во Велес. Нагласи дека ја поддржува препораката на премиерот до заинтересираниот инвеститор „Метрудхем“ да размисли за друга локација.

Адеми во вторник ќе ја посети Општина Велес за да ги објасни процедурите и, како што рече,  да го увери градоначалникот и граѓанскиот сектор дека работат транспарентно. Од сите засегнати страни бара воздржаност од пласирање неточни информации или изјави и активности кои оправдано предизвикувале реакции во јавноста.

За овој случај работиме многу претпазливо и категорично тврдам дека нема да дозволиме да се повтори историската грешка со Велешката топилница ниту, пак, да дозволам загадување кое ќе ги затруе граѓаните на Велес и на Република Македонија... Ниту сме дале дозвола, ниту сме одобриле студија, туку сме обврзани да ги почитуваме законите и не можеме и не смееме никому да забраниме да бара да инвестира или да рестартира некоја фабрика. Тоа што можеме  ние да му гарантираме на потенцијалниот инвеститор и на граѓаните  е дека строго ќе ги почитуваме законите и сите наши одлуки и постапки ќе бидат транспарентни и во нивното донесување ќе бидат влучени сите засегнати страни, истакна Адеми.

Тој појасни дека од „Метрудхем“ само побарале да поднесе барање за определување на обемот на влијанието на проектот врз животната средина.

Јас сум носител на  јавна функција и морам да одговорам на секое барање и писмо кое пристигнува во Министерството. Во обемот на студијата кој треба ние да го дефинираме, секако ќе бидат земени предвид забелешките на Општина Велес и граѓанскиот сектор за разгледување на алтернативни локации. При донесување на одлуките нема да подлегнеме на евентуални притисоци од која било страна, нагласи министерот за животна средина и просторно планирање.

 

 извор МИА

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »