речник контакт

Министерот Бочварски не открива какво решение е предвидено за дивата викенд населба во долнитот тек на река Бабуна

Повика откако предлог Законот ќе биде поставен на ЕНЕР (Единствен национален регистар на прописи на Р. С. Македонија) јавноста да се изјасни за предлозите

Петар Печков

Велешката јавност во очекување, какво решение ќе се понуди за дивата населба во долниот тек на река Бабуна, откако пропадна планот на Владата, поддржан од власта и опозицијата,  да ја легализира. Најавено дека е изготвен нов Закон за легализација ан дивоградби, каде биле земени во предвид реакциите.

Се зборува дека  нема да има во заштитени зони, национални паркови, но подрачјето каде е лоцирана  дивата населба, не спаѓа во ниту една од овие категории. На прашањето до министерот Благој Бочварски, чие  министерство за транспорт и врски  го изработи новиот Закон, тој не открива какво е решението.

„Законот е во постапка на прикачување на  ЕНЕР (Единствен национален регистар на прописи на Р. С. Македонија з.а.) и ќе биде на увид на јавноста. Ги повикувам велешани да ги дадат своите забелешки за Законот. Работиме транспарентно, јавно, и не сакаме да носиме ништо зад затворени врати како законско решение. Забелешките можат да бидат нотирани од страна на секој граѓанин секоја невалидна организација, институција,  локална власт за да го вградиме, па да оди на седница на Влада, па на парламент. За да не прејудицираме што би било како би било, туку е во фаза на изработка, затоа нема да навлегувам во поединечни случаи“ - рече Бочварски  одговарајќи на новинарско прашање на ТрМр,.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »