речник контакт

Министерот дава пари за театарска претстава во Стоби, надлежните не дозволуваат-не било безбедно

Би поддржале одигрување на една претстава, ако се исполнат безбедносните услови на овој простор - рече министерот Исеин

Петар Печков

Секое лето, 26 години наназад, амфитеатарот во Стоби беше домаќин на театарска претстава играна на антички текст. Оваа година Министерството за култура не издвои средства за одржување на фестивалот, но новиот министер   за култура Хусни Исеини е расположен интервентно да одвои финансии, традицијата да не се прекине, со одигрување на една претстава во локалитетот.  

Би поддржале одигрување на една претстава, ако се исполнат безбедносните услови на овој простор - рече министерот Исеини.  

Во 90-тите години на минатиот век, кога започнаа да се играат претстави во античкиот театар, тоа беше со по една претстава годишно. Од 2001-та започна да се организира Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,, кога имаше и по шест -седум   претстави  во текот на две седмици, во лето.  Од НУ ,,Стоби,, каде министерот ја префрли одговорноста дали може летово да се одигра една претстава, за традицијата да продолжи, велат дека досега не добиле  барање, за  одржување на театарска претстава.

Стручниот тим и раководителот на проектот за истражување, конзервација и реставрација на театарот во Стоби, се на мислење дека театарот не е во состојба да прима публика од безбедносни и морално етички причини. Освен во строго контролирани услови и со ограничен број на посетители, се додека истиот не биде конзерваторско- реставраторски третиран, од страна на стручниот тим. Секој пројавен интерес за користење на театарот е добредојден, секако со стручен надзор и пропишани услови од страна на НУ Стоби - стои во писмениот одговор од НУ Стоби, дали тие би дозволиле летово таму да има театарска претстава.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »