речник контакт

Министерот Адеми и претставници на „Метрудхем“ разговараа за Топилница

Конечната одлука околу рестартирањето на велешката Топилница ќе биде донесена транспарентно, врз основа на процедурите, законите и научните аргументи

Петар Печков

Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и претставници на компанијата „Метрудхем“.

Ресорниот министер укажа дека во фазата во која се сега, не може да се зборува за одлука бидејќи не е утврден обемот на студијата.

Во обемот на студијата ќе ги вклучиме сите заинтересирани страни, ќе ги земеме предвид сите научни аргументи, а конечната одлука ќе биде по пат на транспарентна процедура во која ќе бидат вклучени сите - нагласи Адеми.

Потенцијалниот инвеститор, како што информира Адеми, во понеделник најавил дека ќе достави писмо со барање, со кое Министерството ќе треба да го утврди обемот на студијата на влијанието на топилницата врз животната средина.

Адеми посочи дека претставниците на компанијата на средбата се изјасниле дека доколку студијата покаже оти рестартирањето на Топлиницата за олово и цинк ќе има негативно влијание врз здравјето на луѓето и врз околината се подготвени да ја почитуваат конечната одлука.

Портпаролот на „Метрудхем“ Александар Билбилов рече дека ќе ја запазат законската процедура и оти ќе го почитуваат резултатот кој ќе произлезе од научниот процес, прикажан во студијата каде што ќе бидат вклучени сите субјекти.

 Ние сме отворени за сите аргументирани предлози кои се научно основани да бидат вклучени за разгледување и ќе придонесат врз крајната одлука на студијата за инвестиција на инсталацијата за олово и цинк во Велес - истакна Билбилов. Тој повика на соработка и отворен однос со сите засегнати страни.

Во процесот ќе се испочитуваат пред се граѓаните на Велес и нивната воља, но да дојдеме до тоа треба да го испочитуваме процесот предвиден со законот - додаде претставникот на „Метрудхем“.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »