речник контакт

Министерството за животна средина им одговори на велешките советници, дека нивното барање за поставување пет мерни станици не е по светските стандарди

Мерењата со мобилните сензори покажуваат нереални резултати и не може со сигурност да се земат предвид измерените податоци велат од МЖСПП

Петар Печков

Министерството за животна средина им одговори на велешките советници, дека нивното барање за поставување на пет мерни станици во градот  не е во согласност со светските стандарди за мерење на квалитет на воздух. Ова доаѓа откако на седница на Советот, власта и опозицијата се најдоа на иста размислување, лути што МЖСПП го отфрли барањето,  Општина Велес да набави и постави пет мерни станици, во различни делови на градот. 

Се почесто во државата се шпекулира со податоци на квалитетот на воздухот,  добиени од мерења со уреди кои популарно се наречени сензори.  Нивните вредности  не може да се земат предвид заради големата мерна несигурност дури ниту за индикативни мерења, примерот со Ѓорче Петров и Прилеп. Мерењата со мобилните сензори покажуваат поприлично нереални резултати, заради тоа што сензорите имаат висока вредност на граница на детекција и не може со сигурност да се земат предвид измерените податоци. Резултатите може да покажат разлика и до 1000 пати. Друга причина за несигурноста на резултатите добиени од ваквите сензори е што истите имаат висока осетливост на промени на температурата и влажноста. Постои голема веројатност да не можат да се разграничат различните загадувачки супстанции - пишува во писмената информација на  МЖСПП. 

Потсетуваат дека на мерната станица во градинката кај Тунел, во Велес,   континуирано се мерат SO2, NO2, CO и O3. Екологистите пак реагираат дека параметрите од најопасните  ПМ 10 и ПМ2,5 не е мерат од јули 2018-та година, дека друга мерна станица е иселена  од градот.  

Жителите на стариот дел на Велес, каде живеат  голем дел од граѓаните а поради специфичната конфигурација, не   може да се потпираат на параметрите од мерна станица во Нова населба. Постојната  не го измери ниту загадувањата од чадот, кога неколку дена  гореше силосот на ,,Маслодајна,,  летово а кој е многу поблиску отколку левата страна на градот - велат екологистите.  Од МЖСПП најавуваат дека сите параметри за квалитетот на воздухот во Велес ќе бидат достапни после 20-ти декември кога мерната станица ќе работи целосно. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »