речник контакт

Миризлива иднина за Интернет мрежата

За една деценија мрежата ќе може да ви пренесува мириси исто како што пренесува податоци, предвидува еден извештај. Предвидувањето доаѓа заедно со едно поопширно истражување, спроведено од Јужно-Корејската влада, која ги испитува потрошувачите што очекуваат од идните технологии.

Никола Солев

За една деценија мрежата ќе може да ви пренесува мириси исто како што пренесува податоци, предвидува еден извештај.

Предвидувањето доаѓа заедно со едно поопширно истражување, спроведено од Јужно-Корејската влада, која испитува што  потрошувачите  очекуваат од идните технологии.

Исто се предвидува дека до 2012 батериите од мобилните телефони ќе траат по два месеци, од едно полнење до друго.

Експертите од ова истражување укажуваат дека до 2018 година, роботите рутински ќе ги изведуваат хируршките операции.

Долгорочните предвидувања се вршени со интервјуирање на околу 3500 технолошки експерти од Јужна Кореја.

До 2015 извештајот сугерира дека војниците ќе носат непробојна (од куршуми) и водо-отпорна облека која ќе може да ја менува својата боја во согласност со околината.

На располагање, до 2018, ќе бидат и роботи кои ќе бидат толку мали, за да можат да пливаат во крвните садови, и да наоѓаат, испитуваат или лечат здравствени проблеми на кои ќе наидат.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »