речник контакт

Мирчевски е државен првак во кајак слалом на диви води

КК Бабуна освои прво екипно и прво место како клуб

Петар Печков

Изминатиот викенд на патеката Матка, невообичаено доцна,  се одржа државното сениорско првенство во кајак  слалом на диви води. Голем успех остварија членовите на КК Бабуна кои беа најдобри во сите конкуренции.

Во поединечна конкуренција државен сениорски првак  во К-1 e Борче Мирчевски  пред  второ пласираниот Христијан Игнатов  и двајцата од   Кајак  клуб Бабуна од Велес додека трето пласиран беше Енис Небиовски од кајак кану клуб Вардар од Велес, кој беше лански првак. 

Во дисциплината 3хК-1 на прво место се пласираше првата екипа на БАБУНА  во состав Борче Мирчевски, Христијан Игнатов и Никола Димов пред  втората екипа на КК Бабуна БАБУНА (Сашко Нацев, Марјан Петров и Марјан Бабунски).

Екипно КАЈАК КЛУБ БАБУНА од Велес е државен сениорски првак додека второ пласиран е Вардар од Велес и трето пласиран е Илинден 90 од Скопје. 

АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »