речник контакт

Михов е државен првак во ултра маратон, Димов трет

Фудбалерките на ЖФК Борец елиминирани од Купот. Резултати Трета фудбалска лига Центар. Започнаа натпреварите во Општинската фудбалска лига

Петар Печков

Велешанецот Трајче Михов  член на АК Велес е државен првак во ултра маратон. Првенството се трчаше на ултра маратонот во Белград а македонските учесници се бореа за титулата. Победи Михов кој за 24ч. истрча  198 км а трет беше уше еден велешанец Зоран Димов член на АК Изгрев , кој по сериозната повреда се врати на трките. Тој за 24 ч. истрча 170 км. Михов веќе лани ја истрча нормата за Светското првенство кое ќе се одржи во Париз и е сигурен учесник.  

Женската екипа на ЖФК Борец загуби со 0:8 во четврт-финалето од фудбалскиот куп од прилепчанки. Попладнево на Градски велешанки беља високо поразени од гостинките и се просија од натамошните борби во ова натпреварување.   

Победа, реми и пораз за трите велешки екипи во Третата лига Централен регион.  Лидерот ФК Превалец одигра нерешено 1:1 против ФК Братство 07 во прилепско Големо Коњари но и натаму е лидер со 32 бода еден повеќе од ФК Питу Гули. Трето пласираната ФК Бабуна на Градски победи со  4:1 против претпоследниот ФК Младост 1930 од прилепско Кривогаштани.  ФК Тополка како фенерџија загуби со 4:0 во Крушево од ФК Питу Гули, кој  е второпласиран.  Во следното коло ФК Тополка игра повторно дома со ФК Братство 07 кој е седми со 17 бода. ФК Превалец по двете гостувања конечно дома и го пречекува четврто пласираниот ФК Ново Црнилиште од кавадаречко Црнилиште кој има 20 бода. ФК Бабуна која има 24 бод и е трета гостува на шесто пласираниот ФК  Големо Коњари, а има 19 бода,   во истоименото прилепско село. 

Започнаа натпреварите од пролетниот дел на Општинската фудбалска лига. Се одигра десеттото коло и постигнати се следните резултати:

Илинден БС -Младост    1:0

Горски-  Интернационал 1:3

Башкими - Согле              0:0

Локомотива -Мартолци 07 3:3

екипата на Форца Нова  беше  слободна

                                       Т А Б Е Л А

1. Мартолци 07          9    6   1   2      30:14   19

2. Форца нова             8    6   1   1      16: 6    19

3. Башкими                 9    5   1   3       14:8    16

4. Илинден БС            9    5   0   4      19:13   15

5. Локомотива            9    4   3   2      21:17   14

6. Горски                     9    3   2   4       13:17   11

7. Младост                  9   3   2   4       10:14   11

8. Интернационал     9   1   0   7       18:29     6

9. Согле                       9   0   2   7          8:29     2

 

Во следното 11-то коло играат:

Мартолци - Башкими

Согле  - Горски

Интернационал - Илинден БС

Младост - Форца нова

екипата на ФК Локомотива е  слободна

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »