речник контакт

Младинскиот женски хор од Велес, со трета награда на меѓународен фестивал во Грција

Оваа награда е признание за девојките за нашиот вложен труд и поттик за повеќе вложувања за повисоки дострели - диригентката Веселинка Маџарова Андонова

Петар Печков

Младинскиот  црковен хор ,,Св. Кирил и Методиј,,  од Велес освои трето место на меѓународниот хорски натпревар, кој минатиот викенд се одржа во Паралија Грција. Во конкуренција на 20-тина хора од  десетина европски држави, младите велешанки добија прво признание за нивниот труд. Ико велешкиот хор е младински се натпреварувал во категорија на возрасни, каде имало и мешани, еднородни, возрасни  хорови.   

Откако јас знам за себе и пеам во хорови во градот ова е прва награда за велешки хор, нема хор што земал награда на меѓународен натпревар. Оваа награда е признание за девојките за нашиот вложен труд и поттик за повеќе вложувања за повисоки дострели. Наградата ни е доделена  како што пишува  во образложението оти изведува ,,тежок хорски репертоар,,.Жирито ја вреднуваше интонацијата,    темпо, агокиката. На натпреварот настапивме со четири композиции од различен музички карактер    - рече диригентката Веселинка Маџарова Андонова, дипломирана певица.

Нивна желба е до година да учествуваат на меѓународниот хорски натпревар кој секој октомври се одржува во Русија.  Ова е второ учество на младинскиот женски хор ,,Св. Кирил и Методиј, првото беше лани во Бугарија на духовна музика  а хорот работи од 2012-та под патронство на Повардарската Епархија  на МПЦ-ОА.  

На натпреварот учествувале хористи од, Естонија, Бугарија, Србија, Полска, Австрија а победил хор до Русија. Младите велешки хористки настапиле со четири песни една од ренесансниот период,  од романтичарскиот период духовна песна ,,Богородица дево,, од Рахмањинов,  трета била македонската  ,,,Орал дедо,, од Драган Шуплевски и  четвртата била  современа црнечки спиритуал.    

Хорот кој според структурата е  женски  камерен,  брои 22 хористки од 11 до 20 година возраст и најчесто на репертоарот има духовни и световни  композиции а секоја недела пее на литургиите од црквите во Велес.  Хорот е оформен по иницијатива на Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија.

Овој хор е амбасадор на  македонска духовна музика и македонското хорското пеење. И трудот на девојките и диригентката  навистина беше вреднуван. Третата награда  освоена во Грција за мене е со златен сјај, тие се први. Девојките се афирматори на нашата Епархија и на Велес и се гордееме со нив     - изјави Владиката Агатангел. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »