речник контакт

Млади велешки стрип цртачи на стрип колонија во Рашка

Тие црпеа знаења и искуства од реномирани излагачи од Балканот

Петар Печков

Посетители од Стрип училиштето при Макеоднскиот стрип центар-Велес викендов учествуваа на 4-та Меѓународна Стрип колонија во Рашка, Србија.

Освен од Велес, на настанот  присутни  биле и млади цртачи од Лесковац, Белград, Приепоље, Грачаница и Врање (Србија) како и Котор и Никшиќ( Црна Гора). Тие  црпеа знаења и искуства од реномирани излагачи од Балканот, Владимир Весовиќ, Раде Марковиќ, Сабахудин Мурановиќ...

Ние како Стрип центар на Макеоднија, бевме пријатно изненадени од повикот да земеме учество на оваа колонија. Се работеше во услови на прекрасната природа на подкопаоничкото место Павлица, којашто овозможи работна и опуштена пријателска атмосфера помеѓу учесниците. Се разбира, не изостанаа и разговорите околу идна интернационална соработа, а македонската стрип сцена неизоставно ќе биде застапена, истакна Томе Трајков од СЦМ-Велес, кој и самиот присуствуваше на оваа колонија.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »