речник контакт

Млад моторист вчера тешко повреден во сообраќајка на крстосница за Спомен Костурница

Поради специфичноста на повредите Ѓ. П. (21 год) е пренесен на Клинички во Скопје

Петар Печков

Неделата на пладне  се случила сообраќајка помеѓу моторист и автомобил, кај приклучокот за кон Спомен Костурница, информираа од велешката полиција.

На 10-ти мај  во 12.35 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Е.(56) од село Сливник и мотоцикл „јамаха Р6“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.П.(21) од Велес - информираа oд МВР. 

Прва помош на повредениот му дале екипа на итната помош, која го имобилизирала и префрлила на ортопедија при велешката Болница. Од таму информираа дека на пациентот  му биле констатирани тешки телесни повреди, отворени скршеници на лева надлактица и лева потколеница и поради специфичноста на повредите е пренесен на Клинички во Скопје.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »