речник контакт

Многу слободни места останаа непополнети за прва година средно

Најголем интерес за здравствените струки во Хемиско каде се е пополнето. Наспроти ова во кожарско-тексилната струка без пријавен ученик. Вториот уписен рок на 16 август

Петар Печков

СО ОБЈАВУВАЊЕТО НA РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАВРШИ ПРВИОТ УПИСЕН РОК ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА. ВО СИТЕ ЧЕТИРИ ВЕЛЕШКИ УЧИЛИШТА ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА И ЗА ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК.

 НАЈМАЛКУ ГИ ИМА ВО  ДИМТИРИЈА ЧУПОВСКИ КАДЕ ВЕЌЕ СЕ ПОТПОЛНЕТИ ЗДРАВСТВЕНИТЕ  ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ, ФАРМАЦЕВТ, ФИЗИОТЕРАПЕВТ,ЛАБОРАНТ. ВО ХЕМИСКА ПАРАЛЕЛКАТА ВО ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКАТА СТРУКА Е ЦЕЛОСНО ПРАЗНА ИАКО ВО ГРАДОТ РАБОТИ КОЖАРАТА И ИМА БРОЈНИ ТЕКСТИЛНИ ФАБРИКИ.

ВО КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ  ВО АВГУСТ  ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА ВКУПНО 250 НОВИ СРЕДНОШКОЛЦИ. ВО ГИМНАЗИЈАТА КОЧО РАЦИН ВО ПАРАЛЕКЛКИТЕ НА МАКЕДОНСКИ НАСТАВЕН ЈАЗИК ЗА ИДНИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА УШТЕ 79, ДОДЕКА ВО ПАРАЛЕЛКАТА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК  ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА УШТЕ 6  МИНА.

ПО ДВЕТЕ ПРИЈАВУВАЊА ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК ВО ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ ОСТАНАА 79 СЛОБОДНИ МЕСТА. УЧИЛИШТАТА СЕ НАДЕВААТ ДЕКА ВО АВГУСТ ЌЕ СЕ ПОТПОЛНАТ ДОБАР ДЕЛ ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ МЕСТА КОИ ОСТАНАА СЛОБОДНИ.

ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Е ЗАКАЖАН ЗА 16-ТИ АВГУСТ.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »