речник контакт

Момче од Бузалково, било прегазено од сопствениот трактор

Момчето е задржано на лекување во велешка болница

Петар Печков

Неделата попладне трактор со приколка, се превртел во Бузалково, при што младо момче било прегазено од земјоделската машина. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 16.02.2025 во 19.29 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С.(21 год) од Бузалково, велешко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 17.30 часот во селото при превртување на тракторот, кој го управувал во селото“ – информира Ненад Колев од СВР Велес.

Од ЈЗУ Општа болница Велес соопштија дека лациент,  повреден во сообраќаен инцидент, е задржан кај нив на лекување.,

„Во неделата вечер е донесено повредено момче. Извршени се снимања и констариани скршеници не ребра. Поради неговата здравствена состојба, остане  на одделение за натамошен третман“ – кажа д-р Биљана Босилкова, портпарол на велешка болница.  

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »